Достапни линкови

logo-print

Турција и Ирак трагаат по киднаперите во Багдад


Турските власти контактираат со властите во Ирак и трагаат по киднаперите на 18 градежни работиници во Багдад, изјави денеска турскиот вицепремиер Нуман Куртулмуш. Тој нагласи дека властите немаат никаков контакт со турскиот војник, што исчезна синоќа по престрелка со групата ИД на територија на соседна Сирија, при што загина еден турски војник. Извршниот директор на турската градежна компанија Нурол изјави дека 18 турски работници се киднапирани од мажи во воени униформи во североисточен Багдад рано утринава. Претходно претставници на ирачките безбедносни сили соопштија дека бројот на заробени Турци е 16 лица. Турците работеле за турска градежна компанија, што работи на изградба на спортски комплекс во источниот кварт на Багдад Садр сити. Маскирани напаѓачи во воени униформи упаднале во регионот рано изутрина, додека раборниците спиеле во кампот и го заробиле. Засега не е јасно кои се сторителите.

XS
SM
MD
LG