Достапни линкови

logo-print

Стотици мигранти втор ден протестираа во Будимпешта


Стотици мигранти кои бараат азил во Германија и во другите западноевропски земји, втор ден протестираа пред главната железничка станица во Будимпешта.

Неколку стотици бегалци денеска на терминалот Келети извикуваа: „Што сакаме? Мир! Што ни треба? Мир!“

Повеќе од 2000 мигранти беа во близина на станицата, откако полицијата вчера го блокираше пристапот за секој без соодветна виза.

Портпаролот на Владата прашан дали на мигрантите повторно ќе им биде дозволено да патуваат со возовите, рече дека ќе ги почитуваат правилата на Европската унија.

„На територијата на ЕУ, нелегалните мигранти можат да патуваат наваму само со валидни документи, почитувајќи ги правилата на ЕУ.“

Европскта унија се бори да се справи со големиот прилив на мигранти. Унгарија соопшти дека во август во земјата влегле 50.000 мигранти.

XS
SM
MD
LG