Достапни линкови

logo-print

Прислушуваните разговори не се доказ, туку индиции


Кој било просечен обвинител не би помислил објавените снимки да ги користи како доказ, туку тие се појдовна основа за истражување, оценува долгогодишниот адвокат Александар Тортевски.

По одлуката на Основниот суд Скопје 1 да ги отфрли како неосновани сите докази во предметот „Прислушување“, специјалниот јавен обвинител би можел да го стори истото коешто би го сторил и без оваа одлука, категорични се правните ескперти. Кој било просечен обвинител не би помислил објавените снимки да ги користи како доказ, туку тие се појдовна основа за истражување, оценува долгогодишниот адвокат Александар Тортевски.

Тие веќе се пуштени во етерот, од нив произлегуваат сериозни показатели и индиции за сторен криминал и секој обвинител што го почитува законот врз основа на допрен глас има појдовна основа од каде треба да тргне и што да истражува. Инаку и без ова решение тие докази не можеа да се користат во постапката и на нив не може да се заснова судска пресуда.

„Тие веќе се пуштени во етерот, од нив произлегуваат сериозни показатели и индиции за сторен криминал и секој обвинител што го почитува законот врз основа на допрен глас има појдовна основа од каде треба да тргне и што да истражува. Инаку и без ова решение тие докази не можеа да се користат во постапката и на нив не може да се заснова судска пресуда“, вели Тортевски.

И поранешниот јавен обвинител Јован Трпеновски тврди дека ваквата одлука на судот нема влијание по постапувањето по пријавите кои би биле доставени до специјалниот јавен обвинител.

Нема никаква правна или процедурална пречка специјалниот јавен обвинител да постапува по поднесените пријави до сегашниот јавен обвинител.

„Нема никаква правна или процедурална пречка специјалниот јавен обвинител да постапува по поднесените пријави до сегашниот јавен обвинител, а ќе бидат сигурно поднесени посебни пријави или истите до специјалниот јавен обвинител. Ова го велам затоа што донесувањето решение без темелна истрага практично не значи дека е решена правната работа и тоа значи дека може да се постапува без да се бараат некои процедурални дополнителни дејствија што треба да ги преземе органот кој треба да постапува“, вели Трпеновски.

Тој додава и дека од досегашниот тек на разговорите поврзани со договорите од Пржино се покажало дека специјалниот јавен обвинител е едно од клучните прашања потсетувајќи дека до политичката криза дојде поради прислушуваните материјали и дека поради тоа е неопходно докрај да се истражат сомнежите кои произлегоа од нив. Тортевски, пак, во вчерашната одлука на судот гледа и политичка заднина.

„Ова практично е еден тест со кој се покажува дека тие калкулираат, го чекаат денот прво да се врати опозицијата во парламентот за да ја направат во некоја смисла смешна и да го објават решението истиот ден кога опозицијата веќе се вратила во парламентот за да не и дадат простор евентуално да не се врати “, вели Тортевски.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ Горан Сугаревски вчера оцени дека ова било скандалозна одлука додавајќи дека намерно се поништила потребата од специјален обвинител. Заев, пак, вчера при враќањето на опозицијата во парламентот рече дека првата обврска е специјален обвинител до 15 септември која мора да се реализира, а во спротивно договорот немало да биде валиден.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG