Достапни линкови

Во Багдад киднапирани 16 турски граѓани


Ирачките власти соопштија дека маскирани луѓе денеска во Багдад киднапирале 16 турски граѓани. Се наведува дека тие биле вработени од една турска градежна компанија која гради спортски комплекс во источниот дел на Багдад. Досега никој не ја презеде одговорноста за киднапирањето. Лани 46 турски граѓани беа киднапирани од милитантите на Исламската држава во ирачкиот град Мосул. По три месеци тие беа ослободени.

XS
SM
MD
LG