Достапни линкови

Нови 4 илјади мигранти во Пиреја


Брод со околу 1.700 мигранти и бегалци од грчкиот остров Лезбос синоќа пристигна во пристаништето Пиреја. Се очекува денеска во Пиреја да пристигне втор брод со уште 2.500 мигранти, соопшти грчката крајбрежна стража. Речиси секојдневно оваа лето на грчките острови во источниот дел на Егејско Море од Турција просечно пристигнуваа околу 1.700 мигранти. Таа бројка во август се искачи и до 2.000. Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос во вчерашниот телефонски разговор со францускиот колега Франсоа Оланд истакна дека прашањето со бранот беглаци треба да биде разгледан на највисоко европско ниво.

XS
SM
MD
LG