Достапни линкови

Нов напад со американски дрон во Пакистан


Во напад извршен со американско беспилотно летало биле убиени пет милитанти, додека четворица други биле ранети. Нападот бил извршен во северозападниот дел на земјата, на границата со Авганистан. Северен Вазиристан е засолниште на Ал Каеда и на талибанските милитанти. Ова подрачје е отсечено за новинарите со што се отежнува можноста за независна потврда на бројот на загинатите во ваквите напади. Од почетокот на годинава досега во Пакистан биле изведени најмалку 12 напади со беспилотни летала.

XS
SM
MD
LG