Достапни линкови

Расте поддршката во Сенатот за договорот со Иран


Приврзаниците на спогодбата со Иран за нуклеарната програма на таа земја се блиску до тоа да го добијат неопходниот број гласови за поддршка на тој документ во американскиот Сенат. Тоа, како што се оценува, ќе значи голема надворешно политичка победа за претседателот Барак Обама и покрај жестокиот отпор од републиканците и Израел. За усвојување на договорот во Сенатот, односно за поддршка на ветото на Обама на републиканскиот предлог закон со кој договорот се блокира неопходни се 34 гласови. Досега договорот има поддршка од 33 сенатори.

XS
SM
MD
LG