Достапни линкови

Сугаревски: одлуката на судот за „бомбите“, скандал


„Ова е скандал од невидени размери во Македонија“. Ова го изјави Горан Сугаревски од СДСМ за Телевизија Телма за одлука на Основниот суд Скопје еден да ги отфрли како докази, објавените телефонски разговори од страна на опозицијата, во предметот „Прислушување“. Според него, станува збор за намера да се направи дека нема потреба од специјален обвинител како што е предвидено содоговорот од Пржино за надминување на политичката криза во Македонија. Претходно Основниот суд Скопје еден ги отфрли како неосновани сите докази, односно „бомбите“ на лидерот на СДСМ Зоран Заев во предметот „Прислушување“, кој се води против премиерот Никола Груевски, Гордана Јанкуловска, Сашо Мијалков, Мартин Протуѓер и други. Според судот снимките и транскриптите не се добиени согласно Законот за следење на комуникации и поради тоа се затвараат.

XS
SM
MD
LG