Достапни линкови

Судот ги отфрли како докази „бомбите“ што ги објави СДСМ


Основниот Суд Скопје 1 ги отфрли како докази снимките од телефонските разговори и транскриптитево во предметот прислушување, по поднесените кривични пријави од страна на СДСМ против Никола Груевски, Гордана Јанкулоска, Сашо Мијалков, Ирена Мишева, Мартин Протугер, Тони Трајковски и Коце Трајановски. Судот ваквата одлука ја донел по барање на адвокатаот Никола Додевски. Ви го пренесуваме во целост соопштението на Основниот Суд Скопје 1.

„Постапувајќи по барање за издвојување на докази од списи на Основното Јавно обвинителство согласно чл. 93 вв чл 12 од ЗКП, поднесено од адвокат Никола Додевски, судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, донесе решение со кое се уважува барањето за издвојување на докази – снимки од телефонски разговори и транскрипти на истите од предметите на ОЈО оформени по поднесена кривична пријава на Социјал Демократкиот Сојуз на Македонија.“

„Во барањето до судија на претходна постапка, наведено е дека до ОЈО Скопје поднесени се кривични пријави и се води постапка против осомничените Никола Груевски, Гордана Јанкуловска, Миле Јанакиевски, Кирил Божиновски, Сашо Мијалков, Ирена Мишева, Мартин Протуѓер, Тони Трајковски и Коце Трајановски, а снимките од телефонски разговори и траснкрипти од истите приложени како доказ во предметите за сторено кривично дело треба да се издвојат како незаконски прибавени докази бидејќи согласно чл. 12 с.2 од ЗКП не може да се користат и врз нив да се заснова судска одлука, а согласно чл. 93 од ЗКП надлежен за донесување на решение за издвојување докази од списи е судија на претходна постапка најдоцна до завршување на истражна постапка.“

„Постапувајќи по ова барање, судија на претходна постапка, со допис од 26.08.2015 година, побара од ОЈО Скопје да ги достави сите оформени предмети против наведените осомничени лица, а ведно побарано е од ОЈО - Скопје да се произнесе и за секој предмет пооделно дали сеуште траат истражните постапки или се завршени, како и во прилог на секој предмет да достави известување дали од страна на обвинителството бил поднесен предлог за издавање на посебни истражни мерки за следење на комуникации на наведените осомничени лица.“

„ОЈО – Скопје до судот достави 27 оформени предмети заведени под различни РО броеви, со прилог електронски записи снимени на ЦД – а и транскрипти во секој од предметите, наведувајќи дека за наведените осомничени лица ОЈО Скопје нема побарано примена на посебни истражни мерки – следење на комуникации, како и тоа дека истражните постапки во сите предмети сеуште не се завршени односно обвинителството продолжува со истрагата.“

„Постапувајќи по барањето и ценејќи ја единствено законитоста на доказите без впуштање во содржината на постапката која ја води Јавното обвинителствот, а имајќи го во предвид писменото известување добиено од ОЈО – Скопје, судија на претходна постапка го уважи барањето за издвојување на аудио записите содржани на ЦД и траснкрипти од истите како доказ од списите на предметите.“

„Аудио записите и транскриптите се затвараат и се чуваат кај сдија на претходна постапка при овој суд одвоени од другите списи при што не можат да се користат во постапка, бидејќи согласно Законот за следење на комуникации и измените на истиот, во зависност од периодот од кога се пријавуваат осомничените, посебните истражни мерки за следење на комуникации се издаваат по барање за донесување наредба за следење на комуникациите, до надлежен судија кое се поднесува од надлежен Јавен обвинител по сопствена иницијатива или друг овластен орган согласно овој закон и наредбата се издава со ограничен рок на траење наведен во наредбата. При уважување на ова барање судијата на претходна постапка ги имаше во предвид чл. 93, чл 252 и чл. 12 од ЗКП како и чл. 9, чл. 8, чл. 7 и чл. 15 од Законот за следење на комуникации.“

XS
SM
MD
LG