Достапни линкови

Украинската Радикална партија ја напушта владата


Лидерот на украинската Радикална партија Олех Луашко објави дека неговата партија ја напушта коалициската влада. Тој денеска изјави дека десничарската партија се противи на уставниот амндман кој има за цел да им даде поголема автономија на про-руските сепаратисти во источна Украина. Украинските националисти силно се противат на мерката, стравувајќи дека тоа ќе го загрози суверенитетот на земјата. Луашко повика на национален рефередум за децентрализацијата, кој би се одржал во октомври заедно со локалните избори. Заменикот-шефот на блокот во Парламентот на претседателот Петро Порошенко, изјави дека излегувањето на Радикалната партија нема да влијае на работата на коалицијата. Радикалната партија има 21 пратеник во парламентарната коалиција од вкупно 302 пратеници. Законот кој беше претставен од претседателот Петро Порошенко е дел од обврските на Киев, согласно договорот за прекин на огнот потпишан во Минск.

XS
SM
MD
LG