Достапни линкови

Штркова населба за развој на туризмот во Кривогаштани


Во текот на целото лето сите села, речиси сите куќи во општина Кривогаштани се украсени со нивните седала. Според анализите, само во оваа општина има преку 1000 штркови седела.

Од први до осми март штрковите долетуваат во Кривогаштани, тука летуваат, ги зголемуваат своите семејства, се раѓаат многу нови штркчиња, а потоа на верскиот празник Свети Пантелејмон, собрани во јата, повторно се враќаат во топлите краишта на Северна Африка.

Тие цело лето тука се, сите ги сакаме ние, баш ни е драго, кога ќе дојде време ќе ги погледаме, кога ќе се качат горе и си велиме, `денеска веќе си тргнуваат`. И сега ги чекаме догодина пак да дојдат да сме живи и здрави.
Алекса Стеваноски.

Жителите на општината се радуваат и на нивното доаѓање и при заминувањето. Го следат нивниот животен лет, се восхитуваат на инстинктот што им го дала природата, на убавината, на егзотично силната црвена боја на клуновите и нозете и црно-белите крилја, кои во знак на поздрав ги шират повеќе пати, пред да тргнат на долгиот пат, во нивниот друг, топол уште појужен дом.

„Тие цело лето тука се, сите ги сакаме ние, баш ни е драго, кога ќе дојде време ќе ги погледаме, кога ќе се качат горе и си велиме, `денеска веќе си тргнуваат`. И сега ги чекаме догодина пак да дојдат да сме живи и здрави“, вели Алекса Стеваноски.

И потоа тој дел комплетно инфраструктурно ќе го решиме, ќе има соодветни движечки патеки, клупи за седење, летниковци, продавница за сувенири и друг вид урбани содржини коишто ќе ја разубават самата штркова населба. Овој проект планираме да го решиме со средства од претпристапните фондови на ЕУ, значи со меѓугранична соработка, со донации од невладини организации.
Тони Заткоски, градоначалник на Кривогаштани.

Во текот на целото лето сите села, речиси сите куќи во општина Кривогаштани се украсени со нивните седала.

„Инстинктот што го имаат тие животни, како еден генетски код и точно од прилика знаат кога ги напуштаат тие краишта, идат кај нас, се размножуваат, значи секоја единка во седелото неси од 6 до 8 јајца, периодот на инкубација е од 6 до 7 недели, а првите штркчиња излегуваат во средината на месец мај“, вели ветеринарот Благојче Христоски.

Според анализите, само во оваа општина има преку 1000 штркови седела. Експериментот на локалната самоуправа за создавање на т.н. штркова населба се покажа успешен, бидејќи и покрај инстинктот да се вгнездат во старите, овие птици, сепак ги населија и новите седела, специјално направени за нив.

Интерес за проектот `шткрова населба` покажа и Пелагонискиот плански регион, па според градоначалникот на Кривогаштани, Тони Заткоски, општината ќе биде дел од овој проект, којшто ќе опфати повеќе населени места во Пелагонија. Во Кривогаштани околу локацијата определена за штркова населба се планираат и други урбани интервенции, кои ќе придонесат оваа новина да прерасне со туристичка атракција.

„И потоа тој дел комплетно инфраструктурно ќе го решиме, ќе има соодветни движечки патеки, клупи за седење, летниковци, продавница за сувенири и друг вид урбани содржини коишто ќе ја разубават самата штркова населба. Овој проект планираме да го решиме со средства од претпристапните фондови на ЕУ, значи со меѓугранична соработка, со донации од невладини организации“, истакнува градоначалникот Заткоски.

Почетната инвестиција според проектот, само за Општина Кривогаштани ќе чини преку 100 илјади американски долари. Во околината на Штрковата населба ќе се гради и етно село, ресторан со посебен рибник, што ќе ги прикаже традициите на општината, со цел да се привлекуваат и задржуваат што повеќе овде туристите кои имаат намера да го посетат Крушево. Овој проект, смета Заткоски, ќе придонесе Општина Кривогаштани да прерасне во атрактивна дестинација, што ќе ја посетуваат и љубителите на авантуристичкиот и манастирскиот туризам не само од земјата, туку и од странство.

  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG