Достапни линкови

logo-print

Прв собраниски ден за опозицијата


Опозицијата се врати во Собранието за да го спроведе договорот од Пржино, а ако тој пропадне, СДСМ продолжува со „бомбите“. Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ велат дека пратениците на опозицијата имаат обврска да бидат во Собранието.

Опозицијата предводена од СДСМ се враќа во Парламентот за да се спроведе договорот од Пржино за надминување на кризата и за да се избере специјален јавен обвинител до 15 септември кој ќе води истрага со прислушуваните разговори, рече денеска лидерот на СДСМ Зоран Заев пред Собранието на Македонија. Доколку тоа не се случи СДСМ ќе продолжи со објавување на „бомбите“, рече Заев.

Нема да има нови палома договори. Правдата, слободата, демократијата, вистината, мора да бидат институционално потврдени“, рече Заев.

„Првата обврска е специјален обвинител до 15 септември, мора да се реализира, во спротивно договорот нема да биде валиден. Материјалите што ги поседуваме од прислушувањето на власта нема да имаме на кого да му ги предадеме и ќе мора да продолжиме да ги споделуваме со јавноста. Нема да има нови палома договори. Правдата, слободата, демократијата, вистината, мора да бидат институционално потврдени“, рече Заев.

Запрашан што доколу не биде испочитуван договорот и не биде избран специјален обвинител до 15 септември, дали опозицијата повторно ќе го напушти Собранието, Заев вели дека ќе одлучат што ќе прават и одлуката јавно ќе ја соопштат. Што се однесува пак до тоа дали опозицијата ќе учествува на изборите закажани за април следната година, Заев рече дека ќе учествуваат само доколку биде испочитуван договорот.

На овој прв училиште ден за нив се надевам дека ја научиле лекцијата дека со седење дома, лежење во измислени кампови на слободата, континуирана недоследност во ставовите, измислување епохални битки, и тропање по прозорците на граѓаните, не можат да сметаат на поддршката од нашиот народ.

„На нови криминални избори зарем треба СДСМ да учествува? Најважната работа за нас е во целиот овој период до изборите институциите на системот да се вратат во нормала.“

Тој вели дека сите пратеници се враќаат во Собранието, а во тек е постапката за повлекување на оставките кои ги доставија пред повеќе од 15 месеци. Закажана и е координација кај претседателот на Собранието.

Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ велат дека пратениците на опозицијата имаат обврска да бидат во Собранието.

„А не да бидат дел од сценарио за заштита на кариерата на одамна проадната политичари. На овој прв училиште ден за нив се надевам дека ја научиле лекцијата дека со седење дома, лежење во измислени кампови на слободата, континуирана недоследност во ставовите, измислување епохални битки, и тропање по прозорците на граѓаните, не можат да сметаат на поддршката од нашиот народ кој за разлика од нив секојдневно секојдневно си ја одработува и својата плата и својата егзистенцијата“, рече координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.

Димовски додаде дека власта не се плаши од изборот на новиот јавен обвинител, туку според него, треба да се плашат други. Тој вели дека пратениците се подготвени при изборот на специјален обвинител да донесат одлуки кои се во согласност со Уставот на Република Македонија.

Од владејачката партија се пофалија со сите законски измени, претежно од социјалната сфера, кои парламентарното мнозинство ги изгласа последната година во услови на бојкот на Собранието од страна на коалицијата предводена од СДСМ. По Димовски десет пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери набројаа дел од проектите што биле реализирани во нивните општини од страна на владејачката партија.

  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG