Достапни линкови

Над илјада бегалци спасени кај егејските острови


Грчката крајбрежна стража соопшти денеска дека за само еден ден, кај брегот на источните егејски острови од море спасиле најмалку илјада бегалци и мигранти. Во 31 операција на потрага и спасување во последните 24 часа кај островите Лезбос, Хиос, Самос, Агатониси, Фармаконикиси, Кос и Мегист се спасени 1.192 лица. Во оваа бројка не се вклучени бегалци и мигранти кои секојдневно од Турција сами пристигнуваат до грчките острови.

XS
SM
MD
LG