Достапни линкови

Несогласувања за охридскиот буџет


Архивска фотографија: Седница на Совет на општина Охрид.

Архивска фотографија: Седница на Совет на општина Охрид.

Охридската опозиција обвинува за расипнички ребаланс на буџетот, додека владејачката ВМРО-ДПМНЕ вели дека ќе се инвестира во проекти кои ќе бидат од корист на граѓаните.

На многу нетранспарентен начин, советниците на ВМРО-ДПМНЕ изгласаа расипнички ребаланс на Буџетот на Општина Охрид, обвинува СДСМ Охрид. Од проектираните зголемени 67 милиони денари во Буџетот, тие, наместо за капитални и развојни инвестиции, најголемиот дел од 36-те милиони денари, пари на граѓаните, проектирале да бидат потрошени за реконструкција на градскиот кеј Македонија, вели Јован Стојаноски, координатор на советничката група на СДСМ.

Наместо тоа, овие пари можеа да се употребат за застарениот возен парк на ЈП Охридски комуналец. Со парите можеше да се модернизира начинот на наплата на паркинзите и за спроведување на режимот за сообраќај.

Илустрација.

Илустрација.

„Прашавме на кој начин дошле до бројката од 67 милиони денари зголемени средства предвидени од расходната ставка. Тоа се комуналии од градежни објекти. Меѓутоа, кој најавил градби и од кој извор ќе бидат комуналиите не дадоа објаснување. Приходната страна не беше објаснета. На нашите прашања како дошле до 36 милиони денари дека ќе изнесува реконструкцијата на Кејот останаа без зборови и не ни беше кажано. Сега е доцна ако ги извадат податоците, тогаш беше времето да го дадат проектот и да кажеа како ќе изгледа кејот и како дошле до сумата од 36 милиони денари. А граѓаните нека проценат сами дали е тоа приоритет за развој на нашиот град Охрид“, вели Стојаноски.

Парите од ребалансот на Буџетот ќе се трошат за видливи проекти кои ќе бидат од општа корист за граѓаните на Охрид, вклучително и градскиот кеј, кој ќе ја зголеми атрактивноста на градот.

Треба да им одговорат на граѓаните на Охрид дали скапиот кеј во градот, е со цел народните пари да завршат во нивни џебови по примерот на Скопје 2014, велат од СДСМ Охрид.

„Наместо тоа, овие пари можеа да се употребат за застарениот возен парк на ЈП Охридски комуналец. Со парите можеше да се модернизира начинот на наплата на паркинзите и за спроведување на режимот за сообраќај“, рече Стојаноски.

Неможејќи да најдат контра аргументи во нивното политичко спротивставување за интензивното разубавување на градот, од СДСМ- Охрид искажаа една небулоза во која истакнаа дека се против разубавувањето на Охрид со изградбата на кејот, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Парите од ребалансот на Буџетот ќе се трошат за видливи проекти кои ќе бидат од општа корист за граѓаните на Охрид, вклучително и градскиот кеј, кој ќе ја зголеми атрактивноста на градот. Парите нема да бидат потрошени за проекти кои никаде до ден денес ги нема, онака како што тоа го правеа нивните ментори од минатата локална власт, кои денес се нивни идоли“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

XS
SM
MD
LG