Достапни линкови

Железничката станица во Будимпешта затворена за мигранти


Главната железничка станица во унгарскиот главен град е евакуирана за да запре патувањето на мигрантите низ Европската унија. Толпите луѓе скандираа „Германија“ откако денеска беа принудени да ја напуштат станицата Келети во Будимпешта. Станицата подоцна повторно беше отворена, но не за мигранти туку полицијата пушташе само луѓе кои имаа карти, лични карти и релевантни визи. Официјалните лица велат дека Унгарија се обидува да го врати редот и да ги спроведува правилата на ЕУ. Полицијата во главниот град на Австрија, Виена велат дека 3650 мигранти пристигнале од Унгарија, што претставува најголема бројка на дневно ниво. Минатиот месец 50.000 мигранти од Сирија, Ирак и Авганистан влегле во Унгарија.

XS
SM
MD
LG