Достапни линкови

Денеска пресуда во случајот против новинарката Исмаилова


Пресудата на азербејџанскиот суд во судскиот процес против новинарката Хадиџа Исмаилова, се очекува да биде донесена попладнево. Исмаилова која е дописник за Радио Слободна Европа и која известуваше за корупција на високи функционери во Баку вели дека обвиненијата за клевета, затајување данок, нелегални бизнис активности и злоупотреба на службената положба се политички мотивирана одмазда.

Вчера судијата ја запре новинарката при давањето на нејзината последна изјава, откако ја нарече азербејџанскаат влада „машина за репресија“ и го отфрли нејзиното судење како „измама“ со цел да биде замолчена.

Исмаилова пред судот рече дека нејзиното исзвестување докажало дека претседателот Илхам Алијев и неговото семејство биле директни корисници на државниот буџет. Државните обвинители бараат девет години затворска казна за Исмаилова.

XS
SM
MD
LG