Достапни линкови

logo-print

Светските сили го осудија насилството во Киев


Светските сили го осудија вчерашното насилство пред украинскиот парламент во Киев и побараа од пратениците да ја продолжат нивната работа за децентрализација на земјата според мировниот договор од Минск. Загриженост за состојбата, меѓу другите, изразија Соединетите Држави, Германија, Русија и Европската унија. Претходно украинскиот премиер Арсениј Јацењук ги обвини украинските ултра националисти за насилството во кое загина еден припадник на националната гарда, а 122 луѓе биле ранети.

XS
SM
MD
LG