Достапни линкови

Министерот Попоски на Бледскиот стратешки форум


Никола Попоски

Никола Попоски

Министерот за надворешни работи Никола Попоски ќе учествува на Стратешкиот форум, што се одржува на Блед, Словенија. Форумот, кој се одржува по 10-ти пат, годинава е под наслов: „Визии на нови партнерства“, а воведни обраќања ќе имаат, меѓу другите, претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, претседателот на земјата домаќин Борут Пахор, претседателката на Хрватска Колинда Грабар Китаровиќ, српскиот премиер Александар Вучиќ и генералниот секретар на ОБСЕ Ламберто Заниер. Министерот Попоски ќе учествува на панел дискусијата „Западен Балкан: Регионот во центарот на геостратегиски размислувања” на која ќе говори и американскиот заменик помошник државен секретар за европски и евроазиски односи Хојт Ји.

XS
SM
MD
LG