Достапни линкови

Кремљ: во септември дискусија за украинскиот конфликт


Кремљ соопшти дека министрите за надворешни работи на Русија, Украина, Германија и Франција ќе се сретнат до средината на септември да дискутираат за конфликтот во Украина. Советникот во Кремљ, Јуриј Ушаков денеска изјави дека за време на викендот Москва, Берлин и Париз ги поддржуваат напорите за нов договор за прекин на огнот во источна Украина, каде во борбите меѓу владините сили и проруските сепаратисти поддржани од Русија загинаа повеќе од 6.500 луѓе, откако конфликтот изби во април 2014 година. По средбата на министрите се очекува лидерите на четирите земји да имаат телефонски разговр и потоа да се види за што ќе се согласат и каде ќе имаат средба, рече Ушаков. Западот ја обвинува Русија за давање на воена поддршка на сепаратистите. Москва го обвинува Киев за непочитување на договорот за прекин на огнот потпишан во февруари во Минск.

XS
SM
MD
LG