Достапни линкови

Грчката полиција со шок бомби смирувала мигранти


Грчката полиција фрли шок бомби врз околу 2.000 бегалци кои се собраа во селото Идомени недалеку од границата со Македонија. Во кусиот инцидент нема повредени, јавија западни медиуми повикувајќи се на извори во полицијата. Протестите на грчко-македонската граница зачестија во изминатите неколку денови. Илјадници мигранти во ризичен обид преку Средоземното Море доаѓаат во Грција надевајќи се дека преку балканската рута конечно ќе стигнат во богатите членки на Европската унија како што се Германија или Шведска, јавуваат западни медиуми.

XS
SM
MD
LG