Достапни линкови

logo-print

Полноќен воз на Ана Јакимска со награда во Чешка


Ана Јакимска, сценаристка.

Ана Јакимска, сценаристка.

Проектот за долгометражен игран филм „Полноќен воз“, по сценарио на Ана Јакимска, деновиве ја доби единствената награда, која беше доделена на меѓународната работилница за развој на сценарио Midpoint, што се одржа во Република Чешка. Наградата овозможува учество на авторот и продуцентите на копродукцискиот форум за филмски проекти When East Meets West, кој ќе се одржи во Трст, Италија, на 25 и 26 јануари идната година.

По признанието за најдобар тритмент на Eastweek, програма за пишување сценарија за млади таленти на филмскиот фестивал во Трст, проектот за долгометражен игран филм „Полноќен воз“ на Ана Јакимска, деновиве ја доби единствената награда, која беше доделена на меѓународната работилница за развој на сценарио Midpoint, што се одржа во Република Чешка.

Ова е голема шанса повеќе луѓе да дознаат за филмот којшто е во раната фаза на развој која понатаму може да донесе многу повеќе интерес за партнери, копродуценти и соработки со странски држави. Ова патување на проектот всушност во оваа фаза додека се работи на самото сценарио за мене лично е една одлична можност што полесно да се стигне до тие соработки.

„Ова е голема шанса повеќе луѓе да дознаат за филмот којшто е во раната фаза на развој која понатаму може да донесе многу повеќе интерес за партнери, копродуценти и соработки со странски држави. Ова патување на проектот всушност во оваа фаза додека се работи на самото сценарио за мене лично е една одлична можност што полесно да се стигне до тие соработки“, вели авторката Ана Јакимска.

Таа дополнува дека станува збор за нејзин дебитантски долгометражен филм кој се состои од три засебни приказни.

Со Ана Јакимска работиме уште еден краток филм кој што е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија. Филмот се вика „Ќе дојдат децата“ и ќе започне да се снима престојнава зима. Всушност се работи за една метафорична приказна за едно село во кое нема деца, а учителката упорно ги чека првачињата да се појават во нејзината училница.

„Сите овие три приказни физички се поврзани со возот што сообраќа од Белград до Солун. Тие се засебни, но си влијаат меѓу себе. Првата се случува во Белград, втората во Скопје и третата е сместена во Солун. Во нив следиме три жени на возраст до 35 години. Онаа во Белград е Ромка и е соочена со прераниот брак на својата деветгодишна ќерка, со дилемата дали да ѝ остане верна на традицијата, на сопругот или да дејствува интуитивно. Скопјанката, пак, се обидува во кратката амнезија по сообраќајната незгода на својот сопруг наново да ја разбуди неговата љубов кон себе, а онаа од Солун да најде решение за љубомората на посвоеното дете откако го родила сопственото“, вели авторката.

Инаку, Јакимска е дипломиран компаратист на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, новинар и студент на Катедрата за Филмска и ТВ режија на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Автор и режисер е на кратките играни филмови „Олеандер“ и „Надвор е ландо“, со Бранко Костовски коавтори се на „Лавиринт“, на „Мама“ и „Супа од кокошка“ соработувала со Лидија Мојсовска, а нејзини дела се и краткиот документарец „Би се викал Барбара“, „Наопаку“ и „Шал“.

Од друга страна, продуценти на „Полноќен воз“ се Дејан Крајчевски и Марија Димитрова од Круг филм.

Димитрова знае да каже дека овој проект е развиван под менторство на режисерот и професор на ФАМУ, Иво Трајков, како и во консултација со останати скрипт доктори од ФАМУ и други престижни универзитети и лаборатории за сценарио од светот. Таа појаснува дека „Полноќен воз“ на финалето на работилницата бил презентиран заедно со уште 17 проекти од 15 земји, пред претставници од програми за развој на проекти и копродукциски маркети, продуценти и директори на филмски фондови ширум Европа.

„Со Ана Јакимска работиме уште еден краток филм кој што е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија. Филмот се вика „Ќе дојдат децата“ и ќе започне да се снима престојнава зима. Всушност се работи за една метафорична приказна за едно село во кое нема деца, а учителката упорно ги чека првачињата да се појават во нејзината училница“, вели Димитрова.

  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG