Достапни линкови

Неколку повредени во експлозија пред украинскиот Парламент


Неколку припадници на украинската Национална гарда биле повредени од експлозија од граната пред украинскиот Парламент. Пратеникот Антон Харашченко на Фејсбук напишал дека „борбена граната“ била фрлена врз обезбедувањето на украинскиот Парламент за време на протестот против контроверзниот закон за децентрализација.

Тој вели дека животите на неколкуте припадници на Националната гарда се во опасност. На снимката се гледаат траги од крв на тротоарот и како на местото на настанот биле влечени најмалку двајца повредени безбедносни претставници.

Извештаите за силната експлозија дојдоа откако денеска имаше судири на десетици активисти при протестите против претседателскиот закон со цел проширување на автономијата на проруските сепаратисти во источна Украина.

Украинскиот Парламент привремено го одобри претседателскиот закон за промени на Уставот кој треба да им даде поголема автономија на проруските сепаратисти во источниот дел на земјата.

Од 368 пратеници регистрирани на денешната седница, 265 го поддржаа законот на неговото прво читање. Предлог законот беше поднесен од украинскиот претседател Петро Порешенко, во согласност со договорот за прекин на огнот потпишан во февруари во Минск.

XS
SM
MD
LG