Достапни линкови

Украина носи закон за децентрализација


Украинскиот Парламент привремено го одобри претседателскиот закон за промени на Уставот, кој треба да им даде поголема автономија на проруските сепаратисти во источниот дел на земјата.

Од 368 пратеници регистрирани на денешната седница, 265 го поддржаа законот на неговото прво читање. Предлог законот беше поднесен од украинскиот претседател Петро Порешенко, во согласност со договорот за прекин на огнот потпишан во февруари во Минск.

Нацрт измената на украинскиот Устав содржи одредба во која се наведува дека остварувањето на локалната власт во некои делови од источните региони на Доњецк и Луганск се определува со посебен закон. Најмалку 300 гласови ќе бидат потребни за да помине уставниот амандман на следната парламентарна седница.

Десетици пратеници се против амандманот и кратко го блокираа подиумот на Парламентот. Во меѓувреме десетици активисти пртестираа против законот се судрија со полицијата пред зградата на Парламентот.

XS
SM
MD
LG