Достапни линкови

Веслачкиот клуб Југ од Охрид пред згаснување


Илустрација.

Илустрација.

Поради изгубен спор со МПЦ за кој треба да плати 450 илјади денари кои ги нема, може да згасне еден од најстарите спортски колективи од Охрид.

Веслачкиот клуб Југ од Охрид е пред згаснување. Еден од најстарите спортски колективи во градот, со традиција од 80 години постоење, поради загубен спор со МПЦ треба да исплати сума од 450 илјади денари. Клубот е немоќен тоа да го направи.

Декларативно е тврдењето на градоначалникот и локалната дека се грижиме за клубовите и за веслањето во Охрид и за сите спортови на вода, бидејки штом не сакаме да дискутираме за вакви прашања, тогаш за што би дискутирале.

На последната седница на градскиот совет во Охрид, дел од советниците, помеѓу кои и двајца од коалицијата која е на власт, побараа општината да го подмири долгот на клубот за да не дојде до негово згаснување. Локалните власти не го поддржаа нивниот предлог оваа точка да се стави на дневен ред на седницата на советот.

Градоначалникот уште пред две години презеде обврска дека ќе му се помогне на клубот, рече Јоне Станкоски, советник од ВМРО-НП.

Во изминатиот период локалната самоуправа веќе презеде низа мерки. Локалната преку ЈП Билјанини Извори понуди решение каде да се сместат пловните објекти. Дополнително со разговори со Министерството за одбрана за објекти кои со одлука на влада би и се доделиле на општината би се решил проблемот со сместување, не само на овој клуб, туку и на останатите клубови за спортови на вода кои мака мачат со просторното прашање.

„Декларативно е тврдењето на градоначалникот и локалната дека се грижиме за клубовите и за веслањето во Охрид и за сите спортови на вода, бидејки штом не сакаме да дискутираме за вакви прашања, тогаш за што би дискутирале“, рече Станкоски.

Независниот советник Павел Попоски вели дека е жално да се дозволи да згасне еден спортски клуб, кој егзистира осум децении.

„Еден клуб кој постои повеќе од 80 години да си дозволиме ние советниците кои не избрале граѓаните на Охрид за сума од 450 илјади денари да го згаснеме навистина не можам да бидам рамнодушен. Клубот може да постои, но ако опремата се заплени и нивната цена се деградира и се распродаде, нема и зошто да постои“, рече Попоски.

Дејан Паноски, советник од ВМРО-ДПМНЕ, рече дека дека локалната власт и советот треба да се однесуваат стратешки.

„Веќе се информирани, не само локалната самоуправа, туку и Агенцијата за млади и спорт, МОК, пратениците од Охрид, Владата на Македонија да се најде решение за овој проблем. Јас побарав ние како советници и локалната самоуправа да се однесуваме стратешки и треба да носиме приоритети и еден од приоритетите е развивање на водените спортови во Охрид“, рече Паноски.

Од локалната самоуправа во Охрид велат дека барањето на советниците било избрзано.

„Во изминатиот период локалната самоуправа веќе презеде низа мерки. Локалната преку ЈП Билјанини Извори понуди решение каде да се сместат пловните објекти. Дополнително со разговори со Министерството за одбрана за објекти кои со одлука на влада би и се доделиле на општината би се решил проблемот со сместување, не само на овој клуб, туку и на останатите клубови за спортови на вода кои мака мачат со просторното прашање“, рече Димитар Спасески, секретар во Општина Охрид.

XS
SM
MD
LG