Достапни линкови

logo-print

Австралија: повеќе земји од Европа во нападите врз ИД


Џули Бишоп

Џули Бишоп

Австралија побара повеќе европски земји да земат учество во воздушните напади врз милитантите на Исламската држава во Сирија и Ирак со цел да се стави крај на кризата со мигрантите во Европа. Шефицата на австралиската дипломатија Џули Бишоп оцени дека милитантите на ИД главно се одговорни за раселувањето на милиони луѓе во Ирак и Сирија. „Неопходен ни е обединет фронт со цел да ја победиме оваа терористичка организација која присили многу луѓе да ги напуштат нивните домови“, изјави таа, додавајќи дека 60 земји помагаат во воздушните напади предводени од Соединетите држави, но оти повеќето од нив не се инволвирани во самите напади.

XS
SM
MD
LG