Достапни линкови

Итен министерски состанок на ЕУ за мигрантската криза


Министрите за внатрешни работи на Европската унија на 14 септември во Брисел ќе одржат итен состанок за кризата со мигрантите, соопшти претседавачот на Унијата Луксембург. Во соопштението се наведува дека оваа состојба надвор и во границите на Европската унија неодамна примила невидени размери. Претходно министрите за внатрешни работи на Германија, Франција и Британија побараа подобро регулирање на состојбата со бегалците кои пристигнуваат на југот на Европа. Томас де Мезиер, Бернар Казнев и Тереза Меј оценија дека до крајот на годинава треба да се утврдат центри во Грција и Италија каде што бегалците би се идентификувале по што ќе може да се утврди на кои од нив им е неопходна заштита.

XS
SM
MD
LG