Достапни линкови

Кинескиот поет Беи Дао го прими златниот венец на Струшките вечери


Со врачување на „Златниот венец“ на годинашниот лауреат кинескиот поет Беи Дао и доделување на наградите „Браќа Миладиновци“ и „Мостови на Струга“ синоќа заврши 54 издание на Струшките вечери на поезијата. Последната вечер на СВП е резервирана за меѓународниот поетски митинг „Мостови“ што традиционално секоја година се одржува на Мостот на поезијата во Струга. Годинашниот лауреат, кинескиот поет Беи Дао е 50 јубилеен добитник на највисокото признание на фестивалот. Тој за Македонија рече дека ја гледа како мала земја со древна историја, која успеала да развива поетски фестивал повеќе од половина век со толкаво влијание во светската поезија.

XS
SM
MD
LG