Достапни линкови

ОН: наскоро и до 3 илјади бегалци дневно во Македонија


Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци, УНХЦР, врз основа на трендовите во Турција и Грција, предвидува дека бројот на ново пристигнати бегалци во земјата наскоро ќе се искачи на 3.000 дневно. „Македонија и натаму се соочува со застрашувачки прилив на бегалци и мигранти кои сакаат да минат низ земјата за да стигнат до засолниште во Германија, Шведска и други земји членки на Европската Унија. Повеќе од 50 илјади луѓе се регистрирани во полициската станица во Гевгелија, откако на 18 јуни 2015 година стапија на сила новите измени на Законот за азил и привремена заштита. Со оглед на тоа што многумина се движат на север без да се регистрираат, реалната бројка на пристигнати лица се проценува на над 70 илјади за само нешто повеќе од два месеца, се наведува во соопштението на УНХЦР. Според проценките, над 80 проценти од оние што влегуваат во земјата бегаат од војната во Сирија, фактор што автоматски ги квалификува за меѓународна заштита.

XS
SM
MD
LG