Достапни линкови

Протести во Бејрут во знакот „Ти смрдиш“


Илјадници луѓе излегоа на протести на улиците во либанскиот главен град Бејрут против корупцијата во полициските редови и поради неуспехот на државата да им обезбеди основни услуги и функционална државна служба. Бодликава жица и барикади беа поставени околу владините згради во пресрет на протестот, откако минатиот викенд на сличен протест дојде до насилни судири со полицијата.

Улиците на Бејрут се натрупани со ѓубре откако главната депонија беше затворена на почетокот на летото. Тоа е и дел од причините за натписите на маиците на демонстраторите кои гласат „Ти смрдиш“.

Организаторите на протестите и дадоа на Владата ултиматум од 72 часа за да почне да реагира.

XS
SM
MD
LG