Достапни линкови

Петмина уапсени за смртта на 70 мигранти во камион во Австрија


Унгарската полиција уапси уште едно лице, петто досега, кое се поврзува со смртта на 71 мигрант пронајдени во четвртокот мртви во камион во Австрија. Австриската полиција пак спречи нов канал криумчарење мигранти. Во камион се откриени 26 бегалци, меѓу кои и три деца во тешка здравствена состојба. Според меѓународните организации за човекови права, токму неединството на ЕУ во одговорот на бегалската криза и радикалните мерки како унгарската гранична ограда, најмногу им помагаат на криумчарите на мигранти.

XS
SM
MD
LG