Достапни линкови

Опожарена зграда на саудиска нафтена компанија


илустрација

илустрација

Најмалку шест лица загинаа, а 206 се ранети во пожар во административната зграда на саудиската нафтена компанија „Сауди Арамко“ во источниот дел на Саудиска Арабија. Пожарот избувнал утринава во мезанинот на шесткатната зграда во градот Хобар. Некои од повредените се во критична состојба. „Сауди Арамко“ е најголемата нафтена компанија во светот и во неа работат 61 илјада лица од различни националности.

XS
SM
MD
LG