Достапни линкови

Вооружен напад врз аеродром во Пакистан


Илустрација

Илустрација

Вооружен напаѓач киднапирал цивил и убил еден вработен на аеродром во југоисточниот дел на Пакистан. Властите соопштија дека дузина вооружени напаѓачи со автоматски оружја насилно влегле во аеродромот Џивани кој се наоѓа во областа Гвадар. Напаѓачите уништиле голем дел од навигационата опрема, го убиле супервизорот и киднапирале еден од инженерите пред да побегнат.

Овој напад доаѓа на само три дена откако Пакистан повика на зголемување на безбедносните мерки на сите поголеми и помали аеродроми. Аеродромите се честа мета на милитантите, затоа што дел од нив се користат како база за борбените авиони кои извршуваат воздушни напади врз милитантите. При последниот напад загинаа 27 луѓе.

XS
SM
MD
LG