Достапни линкови

Европски земји бараат „конкретни мерки“ за мигрантите


Германија, Британија и Франција ја повикаа Европската Унија да преземе „конкретни чекори“ за да се справи со ескалацијата на мигрантската криза.

Германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мезиер, неговиот француски колега Бернард Казеневе и британскиот секретар за внатрешни работи Тереса Мај во заедничка изјава повикаа на подобро справување со бегалците кои пристигнуваат во јужна Европа.

Во писмената изјава е посочена потребата да се обележат „жешките точки“ во Грција и Италија до крајот на годината, каде ќе им се земат отпечатоци на мигрантите и ќе бидат регистрирани со цел да им се овозможи на властите брзо идентификување на оние на кои им е потребна заштита.

Тие бараат да се организира специјален состанок на министри за внатрешни работи и правда на ниво на земји членки на ЕУ во текот на следните две недели за да се дискутира за кризата.

XS
SM
MD
LG