Достапни линкови

logo-print

Русија ја обвинува Латвија за дискриминација


Русија ја обвинува Латвија за дискриминација, бидејќи не и овозможува на руската државна новинска агенција да отвори информативно биро во главниот град Рига.

Руското министерство за надворешни работи со писмена реакција побара од ОБСЕ да го истражи, потегот на Латвија. Во соопштението е наведено дека Латвија на руското барање одговорила негативно затоа што, како што се вели во одговорот на Латвија, содржината на новинската агенција е во спротивност со уставот на Латвија.

Станува збор за руска чадор организација под која спаѓа и РИА Новости, и Спутник вести, кои се предводени од инсајдер на Кремљ Дмитриј Киселјов, кој се смета за најпознат руски критичар на западните земји.

Латвија е поранешна советска република, која сега е членка за Европската Унија. Дел од малцинството во Латвија зборува на руски јазик. Во 2014 година неколку месеци и беше забрането да емитува програма на руската државна телевизија во Латвија.

XS
SM
MD
LG