Достапни линкови

logo-print

Рохани е против собраниска расправа за нуклеарниот договор


Иранскиот претседател Хасан Рохани се противи на предлогот во Парламентот да се разгледува и гласа за постигнатиот договор за нуклеарната програма со светските сили. Според договорот од 14 јули американските санкции постепено ќе бидат отстранувани во замена за ограничувања во нуклеарните активности на Техеран, за кои Западот се сомневаше дека се наменети за правење на атомска бомба.

Рохани на прес-конференција изјави дека според тоа е договор кој е постигнат со политичка поддршка со светските сили а не некој пакт за кој е потребено одобрување од Парламентот.

Парламентот формираше посебна комисија која го разгледува и анализира договорот.

Рохани изјави дека договорот нема да влијае врз иранскиот воен капацитет, додавајќи дека „Иран ќе ги преземе сите потребни мерки за одбрана на земјата, доколку тоа е потребно“.

XS
SM
MD
LG