Достапни линкови

Осудениот новинар на Ал Џезеира бара помилува


Новинарот на Ал Џезеира Австралијанецот Питер Грест побара од египетскиот претседател Абдел Фатах ел- Сиси да ги помилува него и неговите колеги, кои вчера беа осудени на 3 години затворска казна. Пресудата која вчера ја соопшти египетскиот суд беше осудена од меѓународната заедница. Грест на прес-конференцијата во Сиднеј изјави дека сега на потег е претседателот Сиси да го направи тоа што го вети, односно да ги помилува новинарите во случај судот да ги осуди. Тој смета дека пресудата е „погрешна“ и „политички мотивирана“ и сега очите на светот се свртени кон Египет.

Грест беше приведен во декември 2013 година заедно со неговите колеги Мохамед Фахми и Бахер Мохамед во седиштето на Ал Џезеира во Доха. Тие минатата година беа осудени по седум години затвор за соработка со забранетото Муслиманско братство поради, како што се вели во обвинението, ширење на лажни вести за Египет. Во јануари беше поднесена жалба за пресудата и судскиот процес беше вратен од почеток.

Меѓународната организација „Амнести Интренешнл“ смета дека судскиот случај е жесток напад врз слободата на медиумите.

XS
SM
MD
LG