Достапни линкови

Русија: Украинскиот заложник ослободен од авганистанските милитанти


Илустрација

Илустрација

Русија соопшти дека украинецот кој беше држен како заложник на авганистанските милитанти денеска е ослободен. Руското министерство за надворешни работи соопшти дека Дмитро Билјаи е ослободен како резултат на активните напори на руските власти во соработка со нивните колеги од авганистанската страна. Повеќе детали за случувањата не беа објавени. Во соопштението е наведено дека Русија е подготвена да го предаде Билјаи во „ секое време“ на украинските претставници во Авганистан.

Претходно на почетокот на месецов, Киев потврди дека Билјаи е земен како заложник од страна на милитантите во Авганистан откако објавил видео на интернет. Според украинските медиуми тој работел во градежна компанија во Авганистан 10 години.

XS
SM
MD
LG