Достапни линкови

logo-print

Заев:Бомбите ќе продолжат ако нема договор за обвинител


Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, вели дека ако до договорениот рок за избор на специјален јавен обвинител, не се постигне договор за тоа прашање, опозицијата ќе продолжи со објавувањето на таканаречените „бомби“, јавуваат информативните интернет портали. Тој истакнал дека за СДСМ е апсолвирана дилемата дали до 15-ти септември ќе се избере специјалниот јавен обвинител затоа што за договореното стојат како гаранција од меѓународната заедница.Тој при посетата на Струга посочил дека дека очекува до изборите да бидат оформени иобвинителни акти за сите што се вмешани во криминал.

„Различноста во концептите постои во делот на тимот околу специјалниот обвинител. Се уште сме на позиции дека, согласно постојниот Закон за јавно обвинителство, секој јавен обвинител има обвинители во самото Обвинителство. Власта тврди дека тоа треба да се реши со стручни служби и стручни соработници, “ изјави Заев.

Тој истакнал дека СДСМ ја напушта коалицијата „ Граѓаните за Македонија“ затоа што опозицијата на 1-ви септември влегува во Собрание а на 20-ти октомври во Влада со што чесно е да се отстапи за невладините организации да имаат и натаму активна независна улога.

Во коалицијата Граѓани за Македонијабеа вклучени 70 невладини организации и 15 партии, а заедно настапија на граѓанскиот протестен митинг на 17 мај.

XS
SM
MD
LG