Достапни линкови

logo-print

Најмалку 14 милитанти загинале во Пакистан


Пакистанската војска соопшти дека 14 осомничени милитанти се убиени при воздушни напади. Во соопштението е наведено дека нападите биле извршени во северозападен Пакистан во близина на авганистанската граница .Бројот на загинатите не е независно потврден затоа што зоната на конфликтот е недостапна за новинари. Пакистан повеќе од една деценија се справува со исламистички бунтовници.

XS
SM
MD
LG