Достапни линкови

Хан:ЕУ ќе вложи напор изборите во април да бидат фер


Еврокомесарот Јоханес Хан во интервју за австрискиот весник „Стандард“ зборува за конференцијата за Западен Балкан во Виена, проблемот со бегалците и другите проблеми со кои се соочува регионот, како и односите меѓу балканските држави, пренесува Дојче Веле.

Хан во интервјуто се осврнува и на македонско-грчкиот спор околу името и улогата на ЕУ и вели дека „Во меѓувреме сите сфатија дека ние сме во извесна мерка соодговорни поради тоа што не се успеа во надминување на ова (разликите во спорот околу името, н.з.) Но, сега пред сè Македонците мора да спроведат реформи. Со наше посредство е договорен обемен реформски пакет, кој се надевам дека ќе придонесе за надминување на долгогодишната политичка криза. “

Хан додава дека спроведувањето на реформскиот пакет е предуслов за воопшто да може да се разговара за евентуален почеток на конкретни преговори за приклучување.

“Паралелно со тоа, да се надеваме, ќе се расчистат небулозите во Грција. Ние отвораме и нови гранични премини меѓу Грција и поранешната југословенска Република Македонија. Потребни сме им, затоа што поради спорот околу името тие не можат да склучуваат државни договори“, вели Хан.

На новинарското прашање „како натаму со Македонија“, еврокомесарот одговорил дека опозицијата наредната недела мора, како што е договорено, да се врати во парламентот, а потоа ќе биде именуван Специјален обвинител. Хан истакнува дека ЕУ и меѓународната фамилија, ќе вложат огромен напор за изборите во април да бидат фер и да минат во согласност со меѓународните стандарди, како и да бидат добро набљудувани.

XS
SM
MD
LG