Достапни линкови

logo-print

Привремената грчка Влада денеска ќе почне со работа


Правата жена премиер во Грција Василаку Тану, денеска положи заклетва.

Правата жена премиер во Грција Василаку Тану, денеска положи заклетва.

Привремената Влада на Грција, која ја предводи правата жена премиер Василаку Тану, денеска положи заклетва. Повеќето членови на новата Влада положија религиозна заклетва пред архиеписокот на Атина и цела Грција Јероним, а министерот за финансии Јоргос Хулиракис и министерот за образование Ангелики Киау положија граѓанска заклетва.

За денеска е закажана првата седница на новиот кабинет, кој има 23 министри и заменици-министри, од кои некои како министерот за финансии беа во тимот и на претходната влада на Алексис Ципрас.

Министер за надворешни работи во новата Влада ќе биде Петрос Моливијатис, министер за финансии Јоргос Хулиракис, министер за одбрана Јоанис Јангос а министер за внатрешни работи Андонис Манитакис.

Се очекува денеска грчкиот претседател да го распушти Парламентот и да објави предвремени парламентарни избори на 20 септември.

Потребата од одржување предвремени избори се појави кога владејачката коалиција, составена од СИРИЗА и „Независни Грци“ го загуби парламентарното мнозинство.

XS
SM
MD
LG