Достапни линкови

Охридскиот маратон стартува на пладне


Охридскиот маратон стартува денеска на пладне. Се очекува 20 натпреварувачи денеска на пладне да влезат во водите на Охридското Езеро, како учесници на 29-от по ред Охридски пливачки маратон - најголемата меѓународна спортска манифестација во земјата. Охридскиот маратон, што се одржува под покровителство на Претседателот на Република Македонија, е редовна трка од „Гран-при“ серијата на Светската пливачка федерација (ФИНА). Се плива на патеката „Климе Савин“ од манастирскиот комплекс „Св. Наум “ до Градското пристаниште во Охрид, со вкупна должина од 30 километри. Првите маратонци на целта во Охрид ќе пристигнат некаде пет часа подоцна. Oваа година боите на Македонија ќе ги бранат Томи Стефаноски и Евгениј Поп Ацев, кој во генералниот пласман во моментов е на одличното трето место со освоени 23 бода.

Рекордот на маратонот во Охрид му припаѓа на Аксел Рејмонд, постигнат пред две години кога, тогаш 19-годишниот француски маратонец, патеката ја исплива за 5:09:54 часа.

Наградниот фонд на маратонот во Охрид изнесува десет илјади долари. Организатор е Меѓународната пливачка федерација (ФИНА), додека техничката организација е на Македонската пливачка федерација, со поддршка на Општина Охрид и на Капетанијата на пристаништата.

XS
SM
MD
LG