Достапни линкови

Три години казна затвор за новинари на Ал Џезеира во Египет


Египетскиот суд ги осуди на три години затвор тројцата новинари на Ал Џезеира.

Судот денеска ја донесе одлуката против новинарите по судскиот процес кој траеше повеќе од една година и беше критикуван од меѓународните организации за заштита на човекови права. Тројцата дописници беа приведени во 2013 година, додека работеа во седиштето на Ал Џезеира во Доха. Тие беа обвинети за тероризам.

Овој случај го привлече вниманието на меѓународната јавност која изрази загриженост за слободната на медиумите во Египет. Станува збор за австралискиот дописник на Питер Грес и неговите колеги Мохамед Фахми и Бахер Мохамед кои минатата година беа осудени по седум години затвор за соработка со забранетото Муслиманско братство поради, како што се вели во обвинението, ширење на лажни вести за Египет.

Меѓународната организација „Амнести Интренешнл“ смета дека судскиот случај е жесток напад врз слободата на медиумите.

Во јануари беше поднесена жалба за пресудата и судскиот процес беше вратен од почеток. Денешното рочиште на кое беше соопштена пресудата е трето по ред откако претходните две беа одложени. Грес беше ослободен од затвор и депортиран по одлуката на претседателот Абдел Фатах ал Сиси.

XS
SM
MD
LG