Достапни линкови

Најмалку 8 полицајци загинаа во Авганистан


Авганистанските власти соопштија дека најмалку 8 полицајци загинаа во одвоени напади во источниот дел на земјата извршени од Талибанци. Во соопштението е наведено дека во нападите кои биле извршени во провинциите Кандахар и Андар биле ранети 15-тина полициски службеници. Талибанските бунтовници ја презедоа одговорноста за нападите. Во изминатава година зачестени се нападите врз полициски станици откако меѓународните сили предводени од НАТО и САД се повлекоа од Авганистан.

XS
SM
MD
LG