Достапни линкови

Ердоган ја одобри привремената влада на Давутоглу


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган синоќа го одобри составот на привремената влада, предложена од премиерот Ахмет Давутоглу. Во предложената привремена влада првпат е вклучена и една курдска партија.

Давутоглу пред три дена ги повика опозициските партии да преземат дел од одговорноста и да се вклучат во привремената влада, нудејќи им министерски места. Ердоган го овласти Давутоглу да формира привремена влада, која ќе раководи со земјата до новите избори, што ќе се одржат на 1. ноември. Привремената влада е формирана откако пропаднаа двомесечните за формирање на владејачка коалиција по изборите на 7. јуни, кога владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) првпат од 2002 година го изгуби мнозинството.

XS
SM
MD
LG