Достапни линкови

САД го повика Иран да ослободи поранешен маринец


Американскиот државен секретар Џон Кери го повика Иран да го ослободи поранешниот американски маринец Амир Хекмати од четиригодишниот „неправеден притвор.“ На 29 август ќе биде одбележана четиригодишнината од затворањето на Хекмати, за како што Кери вели „лажни обвинувања за шпионажа“, додека Хекмати посетувал роднини во исламската република. „Ги повторуваме нашите повици до иранската влада да го ослободи Амир од хуманитарни причини“, вели Кери.

XS
SM
MD
LG