Достапни линкови

Се споија партиите на Порошенко и Кличко во Украина


Партиите на украинскиот претседател Петро Порошенко и на градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко се споија во пресрет на локалните избори во октомври. Поранешниот шампион во тешка категорија во бокс Виталиј Кличко беше избран да ја води споената партија, за време на заедничката седница на неговата партија УДАР и на Партијата на солидарноста на претседателот Порошенко. Украинскиот престседател повика да се обединат сите проевропски партии, велејќи дека имало премногу политички сили во земјата. Локалните медиуми објавуваат дека новата политичка сила се очекува на изборите да се кандидира со името „Солидарност.“

XS
SM
MD
LG