Достапни линкови

На 20 септември вонредни избори во Грција


Грчката премиерка, Василаку Тану.

Грчката премиерка, Василаку Тану.

Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос денеска потпиша декрет за распуштање на Парламентот и одржување на вонредни избори на 20 сепември, јави грчката новинска агенција АНА-МПА. Со декретот е предвидено седница на новиот состав на парламентот да биде одржана на 1. октомври. Претходно, привремената Влада на Грција, која ја предводи правата жена премиер Василаку Тану, денеска положи заклетва.​ За денеска е закажана првата седница на новиот кабинет, кој има 23 министри и заменици-министри, од кои некои како министерот за финансии беа во тимот и на претходната влада на Алексис Ципрас.

XS
SM
MD
LG