Достапни линкови

Мајкл Ратни на средба со Путин во Москва


Русија е домаќин на новоименуваниот американски специјален пратеник за Сирија, со цел интензивирање на меѓународните напори за ставање на крај на четиригодишната граѓанска војна во земјата. Мајкл Ратни, кој минатиот месец беше назначен на функцијата, денеска во Москва се сретна со рускиот претседател Владимир Путин и со специјалниот претставник на Блискиот Исток, Михаил Богданов. Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека двајцата размениле мислења за „напорите да се овозможи брзо политичко и дипломатско решение за сириската криза и за предизвиците во борбата против заканите од тероризмот. Москва и сирискиот претседател Башар ал-Асад изминативе недели беа домаќини на неколку лидери од Блискиот Исток, барајќи поголема улога во медијацијата на регионот , особоно во сирискиот конфликт и во напорите во борбата против милитантите на Исламската држава.

XS
SM
MD
LG