Достапни линкови

Престрелка на границата меѓу Индија и Пакистан


Индиските и пакистанските граничари разменија истрели во поделениот регион Кашмир, при што девет цивили загинале и 62 лица биле повредени. Двете страни се обвинуваат за меѓусебно за „неиспровоцирано пукање“ на домови во близина на спорната граница во регионот Кашмир. Пакистанската армија соопшти дека шест цивили загинале и дека 46 биле повредени, по индиските напади во близина на градот Сиалкот. Примирјето на границата долго време беше одржано од 2003 година, но вооружените престрелки на границата се доста чести.

XS
SM
MD
LG